Изборни нерегуларности

Помали инциденти за време на гласањето во неколку градови низ земјава

12.12.2016 15:45

Во Тетово, Скопје, Куманово, Велес и во Крушево, граѓаните откако завршиле со гласање го фотографирале ливчето со мобилен телефон. Комисијата на избирачките места, барала помош од полиција, настанот се третира како прекршок согласно со член 190 од Изборниот законик.

По вчерашните податоци на прес- конференциите, МВР преку соопштение го дополни билтенот на помали инциденти за време на гласањето во неколку градови низ земјава. Карактеристични се десетина случаи на фотографирање на гласачко ливче што ги евидентирало МВР.

Во Тетово, Скопје, Куманово, Велес и во Крушево, граѓаните откако завршиле со гласање го фотографирале ливчето со мобилен телефон. Комисијата на избирачките места, барала помош од полиција, настанот се третира како прекршок согласно со член 190 од Изборниот законик.

Во друг случај, Единицата за брзо распоредување забележала возило „Хамер“ со скопски регистарски таблички кое вчера во утринските часови се движело низ село Брест и од него се делеле пари на граѓаните. Истото возило во попладневните часови било забележано и во Бутел. Полицајците во возилото затекнале две момчиња на шеснаесет и деветнаесет годишна возраст.

Надлежните утврдиле дека не сториле кривично дело, но на малолетникот во присутво на родител му е изречена казна за сторен сообраќаен прекршок.     

 

Наташа Јанчиќ