„Златна зора“ упадна на дебата за малцинствата во Грција
Видеото што ни го испратија од ЕФА потсетува на сличен настан од пред 7 години кога во истата зграда „Златнозорците“ ја прекинаа промоцијата на Грчко- македонскиот речник.

Неколкумина пратеници во грчкиот парламент од редовите на ултрадесничарската „Златна зора“ претпладнето упаднаа на дебата во Атина орагнизирана од Хелсиншкиот комитет и од Европската слободна алијанса во која членка е и партијата на македонците „Виножито“.
Темата на настанот била состојбата со малцинствата во Грција и се одржувала во просториите на Здружението на новинарите во центарот на градот. Видеото што ни го испратија од ЕФА потсетува на сличен настан од пред 7 години кога во истата зграда „Златнозорците“ ја прекинаа промоцијата на Грчко- македонскиот речник.
Од Европската слободна алијанса прашуваат дали конечно грчките политички партии ќе упатат осуда и дали грчките медиуми конечно ќе известат за овој срамен чин кој буквално се случува пред нивните носеви? За сега нема реакција од официјалните власти во Атина.
