Меѓународните набљудувачи со првични заклучоци за изборите

12.12.2016 16:52

Меѓународните набљудувачи излегоа со првичните наоди и заклучоци за предвремените парламентарни избори во земјава. Велат- кампањата била конкурентна, но се одвивала во атмосфера на недоверба на јавноста во институциите и политичкото уредување. Денот на изборите добро спроведен, без поголеми инциденти. Меѓународните набљудувачи и со став дека изборите се суштински чекор за решавање на политичката криза.

Парламентарните избори беа конкурентни и суштински чекор во решавање на политичката криза во земјава. Како позитивен аспект, главните политички сили прифатија низа законски и институционални промени за да обезбедат еднаков терен за натпревар, се дел од првичните наоди и заклучоци што ги претстави меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ, Советот на Европа и Европскиот парламент.

Според Роберто Батели, специјалниот координатот и предводник на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ, високата излезност сведочи дека гласачите ја сфатија клучната улога која добрите избори ја имаа за иднината на земјава. Тој смета дека политичарите сега имаат одговорност да ги исполнат таквите очекувања, и тие мора да го искористат моментот и мандатот кој им е доверен за да продолжат со реформите кои се неопходни за земјава. На главните политички сили им останува да бараат одржливо решение за подлабоките проблеми, како оние што се поврзани со медиумите и регистрацијата на гласачите, вели Батели.

Иако основните слободи беа генерално почитувани и учесниците во изборниот процес слободно ги водеа своите кампањи, имаше наводи за заплашување на гласачи и широко распространети притисоци врз јавните службеници, кои според набљудувачите биле потврдени во дузина случаи. Правната рамка е генерално поволна за спроведување демократски избори, меѓутоа некои препораки на ОБСЕ и ОДИХР сепак не беа земени во предвид и одредени одредби во изборниот законик се двосмислени и спротивни на другите закони, оцени шефицата на ОДИХР.

Настаните во периодот пред овие избори, вели, бараа меѓупартиска соработка заради изнаоѓање на привремени механизми за решање на итните прашања. Како резултат на тоа, доаде таа, процесот беше подобрен, особено во однос на медиумите и правната рамка.

Набљудивачаката мисија на ОБСЕ, Советот на Европа и Европскиот парламент препорачуват судовите да се подобрат, оценија дека медиумите во најголем дел им обезбедели на учесниците во изборниот процес рамноправно покривање во вестите. Според нив денот на изборите се одвивал мирно и без поголеми инциденти, иако биле забелажи процедурални нерегуларности, особено при броењето.

Регулативите за финансирање на кампањата се сеопфатни и бараат редовно известување од страна на учесниците во изборниот процес. Меѓутоа, како што заклучија од набљудувачката мисија, транспаентноста е намалена поради непостоењето на обврска за кандидатите да проиложат банкарски изводи и сметки со извештаите.

Конечниот наод со заклучоците за изборите, мисија ќе го објави за осум недели.

 

Игор Панов