Груевски: Што побрзо да се формира новата Влада

13.12.2016 10:43

Да продолжиме со силното темпо на работа и да се вратиме на патеките на економијата, на сите реформи поврзани со членството во ЕУ и во НАТО, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски пред партиските поддржувачи на синоќешниот собир откако ДИК објави дека на парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ освои 51 мандат, а СДСМ 49.

Треба што побрзо да се формира новата влада, да продолжиме со силното темпо на работа и да се вратиме на патеките на економијата, на сите реформи поврзани со членството во ЕУ и во НАТО, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски пред партиските поддржувачи на синоќешниот собир откако ДИК објави дека на парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ освои 51 мандат, а СДСМ 49.

„Имаме и честитки од високи претставници на Европската комисија кои ја честита победата и од опозицијата побараа да биде актива а од нас да формираме влада. Ние секако ќе пристапиме кон преговори за коалиција, преговори за формирање Влада и конечно треба да создадеме услови кризата во Република Македонија да заврши, народот тоа го очекува, тоа го бара од нас, преку глава му е од кризата и од сите оние што ја правеа оваа криза“, истакна Груевски.

Груевски додаде дека политичкиот опонент СДСМ треба да престане со обидите за омраза и гнев меѓу различните етнички заедници.