СДСМ: Граѓаните покажаа дека сакаат живот во Македонија и избраа промени
13.12.2016 10:45
Објавените првични неофицијални резултати на ДИК покажуваат неизвесност околу бројот на добиените пратенички мандати, велат од СДСМ...

И првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија потврдија дека Груевски е поразен, граѓаните покажаа дека сакаат живот во Македонија и избраа промени, стои во реакцијата од опозицискиот СДСМ.
Објавените првични неофицијални резултати на ДИК покажуваат неизвесност околу бројот на добиените пратенички мандати. Волјата на граѓаните за живот, за правда, за слобода е реализирана во услови на бројни нерегуларности и притисоци во предизборниот и во изборниот период, стои во дописот од СДСМ.
