Во јануари првиот ИПАРД 2 оглас
Идниот месец ќе биде објавен првиот оглас за користење на средствата од ИПАРД 2 програмата. Земјоделските стопанства ќе се кофинансираат и до 75 проценти во зависност од големината и местото на инвестирањето. Огласот за поднесуваење на документите за користење на ипард парите ќе трае 45 дена.

Платежната Агенцијата во јануари ќе го објави првиот оглас за користење на европските ИПАРД 2 фондови.
Земјоделците се најмногу заинтересирани се набавка на трактори, опрема за лозови насади, за ѓубрење и за берба. Наместо до 400.000 сега стопанствата ќе може да добијат и до 1,5 милион евра.
Во лозарството и овоштарството се финансиираат старите насади и опремата за заштита и за берба.
Во новиот оглас постапката за аплицирање е поедноставена, а пријавувањето ќе трае 45 дена по објавувањето на конкурсот.
Методија Трајков
