Венецуела ја затвори границата со Колумбија за да се ликвидира мафијата

13.12.2016 11:43

Претседателот Николас Мадуро ја презеде оваа мерка против криминалните групи кои профитираат од шверц во соседните земји.

Владата на Венецуела ќе ја затвори границата со Колумбија на 72 часа за да се уништи мафијата. Претседателот Николас Мадуро ја презеде оваа мерка против криминалните групи кои профитираат од шверц во соседните земји.

Од опток се повлекува и најкористената банкнота од 100 боливари како обид да се запре одливот на средства во регионот.