Куба и Гугл потпишаа договор за побрз интернет

13.12.2016 11:58

Во земјата постојат 900 интернет-кафулиња и 200 места со ви-фи...

Куба и американската компанија Гугл потпишаа договор за побрз и поквалитетен интернет на островот каде што досега само лекарите и новинарите имаа привилегија да ја користат услугата во домашни услови.

Во земјата постојат 900 интернет-кафулиња и 200 места со ви-фи, а цената за интернетот изнесува два долара за час.