Турција е водечка земја според бројот на уапсени новинари
13.12.2016 12:04
Непочитиувањето на слободата на медиумите кулминираше по неуспешниот обид за преврат на 15 јули.

Турција е на врвот на списокот држави кои затвориле најмногу новинари, соопшти Комитетот за заштита на медиумските работници. Непочитиувањето на слободата на медиумите кулминираше по неуспешниот обид за преврат на 15 јули.
Од тогаш властите привеле над 100 новинари и затвориле над 100 медиуми. Во Кина биле уапсени 38, а во Египет 25 новинари.
За првпат Иран не е меѓу петте водечки држави во оваа категорија.
