Силите на Асад контролираат 98 насто од Алепо

13.12.2016 12:11

Одбраната на бунтовниците била скршена вчера што овозможило големо напредување на сириската војска во повеќе од половина од преостанатите делови на Алепо кои биле под контрола на милитантите од Исламска држава. Извор во сириската војска соопшти дека војската е пред прогласување победа во Алепо.

Сириската војска и нејзините сојузници презедоа целосна контрола над сите окрузи во Алепо откако бунтовниците се повлекоа од градот. Одбраната на бунтовниците била скршена вчера што овозможило големо напредување на сириската војска во повеќе од половина од преостанатите делови на Алепо кои биле под контрола на милитантите од Исламска држава. Извор во сириската војска соопшти дека војската е пред прогласување победа во Алепо.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун изрази вознемиреност поради непотврдените извештаи за злосторствата сторени над голем број цивили, вклучувајќи и жени и деца во овој сириски град.

Според „Ројтерс“, Бан им ја пренел својата загриженост на завојуваните страни. Бан Ки Мун ги повика сите страни, а особено претседателот Асад и неговите сојузници да ги заштитат цивилите. Претходно советникот на ОН за хуманитарни прашања, Јан Егеланд рече дека Сирија и Русија ќе бидат одговорни за какви било злосторства кои ќе ги направат провладините милиции во Алепо.

Инаку руски „Спутник“ соопшти дека во последните 24 часа владините сили ослободиле уште 11 квартови од источно Алепо, со што сега контролираат над 98 проценти од градот. Понатаму се наведува дека од почетокот на операцијата за ослободување на Алепо, сириската војска од источниот дел на градот извлекла околу 110 илјади цивили, меѓу кои 44.367 деца. Повеќе од 7 илјади цивили веќе се вратиле во своите домови во ослободените области од западните делови на градот.

Марина Автовска