Животот е музика: Белешка за битолскиот уметник Георги Здравев
Да се зборува за сериозната музика во градот на клавирете, приказната би била непотполна без да се направи интервју со универзитетскиот професор во пензија Георги Здравев. Тоа е диригентот што на битолската сцена ја поставил првата оперска претстава. Следбеник на ликот и делото на најголемиот македонски композитор Кирил Македонски, автор на дела што се користат во музичката наобразба од основното до универзитетското образование.

Животот е музика- девиза од која не отстапува 78 годишниот универзитетски професор во пензија Георги Здравев. Сувопарна би била приказната за сериозната музика во градот на клавирите без да соочите со доаенот на музичкото воспитување, оснивачот на македонскиот младински симфониски оркестар, моментот од кога во рацете ја зема и диригентската палка. Вели дека настапувал со сите музички авторитети и на сцените ширум светот, но најголемо задоволство му прави тоа што тој е човекот што ја постаавил првата оперска претстава во Битола.
И на оваа возраст со пиетет зборува за ликот и делото, на како што вели, засега неповторливата величина на најголемиот македонски композитор Кирил Македонски. Убеден е дека неговата наобразба би била оскудна доколку неговиот творечки пат не беше тесно поврзан со авторот на првите македонски опери.
Скромен по душа, но сѐ уште со огромна жед да оди напред. За скоро ќе следи неговиот нов меѓународен настап, на кој во преден план ќе бидат делата на Кирил Македонски.
Освен на бината, Георги Здравев свој печат остави и во наобразбата на музичките таленти. Зад себе има над 20 учебници кои сѐ уште се активни од основното до високото образование. Засега сѐ уште не го препознава својот наследник, но вели дека Македонија е добра почва на музички таленти.
Она што испуштивме да го кажеме, ќе го најдете во монографијата посветена на неговиот творечки опус. За сето сторено досега, пожнеал многу награди и признанија, но, сепак најдрага му била онаа за животно дело доделена од родниот град, вели основачот и на универзитетското уметничко друштво „Даме Груев“.
Стевче Митревски
