Рекс Тилерсон ќе биде државен секретар на САД

13.12.2016 14:06

Иако нема искуство во надворешната политика и во дипломатијата, позицијата во бизнисот му овозможи блиска соработка со повеќе светски политички лидери, вклучувајќи го и рускиот претседател Путин...

Претседателот на Извршниот одбор на нафтената компанија „Ексон-Мобил“, Рекс Тилерсон ќе биде државен секретар на САД. Иако нема искуство во надворешната политика и во дипломатијата, позицијата во бизнисот му овозможи блиска соработка со повеќе светски политички лидери, вклучувајќи го и рускиот претседател Путин од кого пред три години доби Орден на пријателството.

Назначувањето на Тилерсон се толкува како обид на новата американска администрација за затоплување на односите меѓу Вашингтон и Москва.