Аџиев: За кого работи Дамјановски?

04.02.2014 15:41

Членот на Лустрациската комисија Чедомир Дамјановски бара да биде одјавен од работното место...

Членот на Лустрациската комисија Чедомир Дамјановски  бара да биде одјавен од работното место. Според него, мандатот на Комисијата завршил на 15 јануари и сега толкува дека членовите биле спречени да работат на друго место.  Дамјановски тврди дека претсетаделот Аџиев не дозволувал членовите да бидат одјавени од Комисијата за да се вратат на старите работни места или пак да побараат апанажа.
 
Мандатот за лустрирање е проблем.Ние немаме право да лустрираме, со завршен мандат, а сега не можеме ни да се вратиме на работа од каде што сме дошле или да земаме апанажа, вели Чедомир Дамјановски. 
Ставовите на Дамјановски се погрешни и во однос на законите и во однос на собраниската одлука за работата на Комисијата, тврди за МТВ Томе Аџиев. Вели дека Дамјановски прима инструкции однадвор за да прави проблеми и да ја опструира работата на Лустрациска.
 
Дамјановски добро знае дека колективен орган кој го избира Собранието функционира додека не го разреши Собранието. Оваа материја е законски регулирана, а Дамјановски го знае тоа бидејќи долги години работеше таму, вели Аџиев. 
 
Изборот на новите членови на Лустрациската комисија  е  на  дневен  ред  на  собраниска  седница, но не може да се обезбеди двотретинско  мнозинство. 
 
Миле А. Ристески