Заев: Корекција на пратеничките мандати
СДСМ поднесува приговори до Државната изборна комисија и смета дека е можна промена на соодносот кога ќе бидат соопштени конечните резултати...

Социјалдемократите очекуваат корекција на освоените пратенички мандати. Поднесуваат приговори до Државната изборна комисија и сметаат дека е можна промена на соодносот кога ќе бидат соопштени конечните резултати.
„Бидејќи првичните неофицијални резултати ги збунија граѓаните, укажувам дека конечните резултати допрва следуваат. Постојат разлики во резултатите од записниците на избирачките места и резултатите што ги објави ДИК за истите тие избирачки места. Само ако се корегираат овие бројки, СДСМ има поголем број мандати во ИЕ 6, со што соодносот на добиени мандати е 50-50“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес- конференција.
Заев рече дека Никола Груевски не смее да формира влада и ги повика партиите што добиле пратенички мандат од граѓаните, освен ВМРО-ДПМНЕ, да не ја поништуваат волјата на граѓаните за промени.
