Ѓорчев: Заев не одлучува за тоа кој ќе ја составува владата

13.12.2016 16:35

За тоа кој ќе ја составува владата не одлучува Заев, одлучуваат граѓаните на Република Македонија преку слободно изразена волја. Народот гласаше- велат од ВМРО-ДПМНЕ...

Поразениот Заев сака да стане победник, сака да им ја украде победата на граѓаните. Тоа нема да го дозволиме, одговорија попладнево од ВМРО-ДПМНЕ.

„За тоа кој ќе ја составува владата не одлучува Заев, одлучуваат граѓаните на Република Македонија преку слободно изразена волја. Народот гласаше. Оваа изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја верификуваа и потврдија меѓународните институции, ЕУ, Могерини, Хан, ОБСЕ/ОДИХР, најголем број на набљудувачи кои сме ги имале досега“, изјави Влатко Ѓорчев на прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ.