ДИК: Истече рокот за поднесување приговори

14.12.2016 10:02

До Државната изборна комисија пристигнале 16 приговори, 8 од подносителот на листата на кандидати Движење БЕСА и 8 од подносителот на листата коалиција предводена од СДСМ.

На полноќ истече рокот за поднесување приговори за постапката за сумирање резултати од предвремените парламентарни избори во Република Македонија. Претходно, во 19 часот истече и рокот за поднесување приговори до Комисијата за постапката за гласање.

До Државната изборна комисија пристигнале 16 приговори, 8 од подносителот на листата на кандидати Движење БЕСА и 8 од подносителот на листата коалиција предводена од СДСМ.

Дел од приговорите се однесуваат на постапката за гласање, додека дел на постапката за сумирање и утврдување на резултатите. ДИК е должна да реши по приговорите во рок од 48 часа по приемот.

Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.