Тутун откупуваат 9 од 10 монополи
Девет од 10-те монополи кои склучија договори со тутунарите го почнаа откупот на тутунот. Според законот, доколку обезбедат финансиски средства, стартот на превземањето на тутунот од годинешнава реколта мора да го почнат најдоцна до 15 декември. Оние кои нема да можат да го сторат тоа годинава не ќе може да купуваат.

Од вкупно десет, досега само еден од монополите сеуште нема почнато со откупот на тутунот. Според законот има рок тоа да го стори најдоцна до 15-ти декември. Во спротивно нема да може да купува тутун.
Досега се откупени 9.800 тони тутун или скоро половина од родот, со просечна цена од 190 денари за килограм.
Лани просечната цена за килограм изнесуваше изнесуваше 182 денари. Вредноста на досега откупениот суров тутун е безмалку 30 милиони евра. Исплатата е веќе почната и се платени 74 проценти од превземениот род.
Реколтата годинава е со висок квалитет, а цената е добра, велат тутунопроизводителите и немаат забелешки за проценката на класите.
Методија Трајков
