Асад: Нападот врз Палмира, обид да се оттргне вниманието од Алепо

14.12.2016 10:11

Асад истакна дека џихадистите сакаат да ја поткопаат победата во Алепо и истовремено да го оттргнат вниманието на сириската армија од Алепо.

Сирискиот претседател Асад изјави дека нападот на екстремистичката групација Исламска држава врз Палмира е реакција предизвикана од успесите на сириската армија во Алепо и обид да се оттргне вниманието на воените сили од тој град.

Асад истакна дека џихадистите сакаат да ја поткопаат победата во Алепо и истовремено да го оттргнат вниманието на сириската армија од Алепо.

Според него нападот на ИД врз Палмира „не предизивкува интерес“ во западните медиуми.