Шаховскиот првак Каспаров побарал хрватско државјанство!
04.02.2014 15:47
Барањето на 50-годишниот Русин, најверојатно, ќе биде прифатено, соопштуваат хрватските медиуми...

Поранешниот светски шаховски првак Гари Каспаров поднесол барање за хрватско државјанство. Барањето на 50-годишниот Русин, најверојатно, ќе биде прифатено, соопштуваат хрватските медиуми.
Каспаров во изминатите неколку години е активен дел од опозицијата во Русија и е еден од најгласните критичари на политиката на претседателот Владимир Путин.
Тој секое лето го поминувал на хрватското приморје, а неодамна побарал и државјанство на Летонија, со цел полесно да се занимава со политичките активности во Русија.
Каспаров пред еден месец ја објави кандидатурата за претседател на Светската шаховска федерација.
Лидија Чакар
