Прекин на водоснабдувањето во Драчево

14.12.2016 10:26

Поради уличен дефект на цевка со пречник од 600мм на булеварот „Борис Трајковски“, пред мостот Драчево, ќе има продолжено прекинато водоснабдување на корисниците од населбата Драчево и селата Студеничани, Батинци, Моране и Зелениково, сѐ до санирање на дефектот.

Јавното претпријатие Водовод и канализација- Скопје информира дека поради уличен дефект на цевка со пречник од 600мм на булеварот „Борис Трајковски“, пред мостот Драчево, ќе има продолжено прекинато водоснабдување на корисниците од населбата Драчево и селата Студеничани, Батинци, Моране и Зелениково, сѐ до санирање на дефектот.

Две цистерни со питка вода ќе кружат низ населените места, со акцент на снабдувањето со вода на градинките и училиштата.