Македонски енолози во посета на Алзас
14.12.2016 10:34
Посетата е поддржана од програмата за развој на Обединетите нации за Македонија и целта е да ги запознае македонските претставници со организацијата на винската индустрија...

Македонски експерти по енологија и претставници на локалните власти престојуваат во францускиот регион Алзас во студиска посета на тамошната винската индустрија, една од најразвиените во светот.
Посетата е поддржана од програмата за развој на Обединетите нации за Македонија и целта е да ги запознае македонските претставници со организацијата на винската индустрија, винскиот пат Алзас и нивната поврзаност со туризмот.
