Доцни евакуацијата на цивили од источно Алепо
14.12.2016 10:37
Западни медиуми јавуваат дека ниту еден од автобустите за евакуација не влегол во источните делови на градот.

Сирискиот центар за човекови права соопшти дека се нејасни причините заради кои е забавена евакуацијата од реони во алепо што се под контрола на бунтовниците.
Западни медиуми јавуваат дека ниту еден од автобустите за евакуација не влегол во источните делови на градот. Постојаниот руски претставник во ОН, Виталиј Чуркин изјави дека сите воени дејствија во источно Алепо се прекинати и сириската влада вратила контрола над реоните што беа под команда на бунтовниците.
Претставник на сириските бунтовници тврди дека евакуацијата ја спречуваат шиитските милиции.
