Франција: Вонредната состојба продолжена до јули 2017-та година

14.12.2016 10:52

Националното собрание, синоќа го усвои предлог-законот за продолжување на вонредната состојба во Франција, што беше воведена по терористичките напади во париз на 13-ти ноември 2015-та година.

Долниот дом на францускиот парламент, Националното собрание, синоќа го усвои предлог-законот за продолжување на вонредната состојба во Франција, што беше воведена по терористичките напади во париз на 13-ти ноември 2015-та година.

Вонредната состојба останува во сила до 15-ти јули 2017-та година, односно до по претседателските и парламентарните избори предвидени за на пролет.