Американска амбасада: Ова не е време за лажни вести или заговори

14.12.2016 11:29

„Го забележуваме со загриженост сегашното неточно информирње за тврдењата дека американскиот амабасадор се меша во работата на Државната изборна комисија. Ова не е време за лажни вести или заговори. Дозволете ни да ја исправиме забелешката со јасна изјава дека американскиот амабасадор ниту се сретнал ниту посетил ниту интевернирал кај некого во ДИК“- велат од Амбасадата на САД во земјава.

Американската амбасада ги негира написите во некои медиуми дека амбасадорот Џес Бејли се мешал во работата на Државната изборна комисија.

„Го забележуваме со загриженост сегашното неточно информирње за тврдењата дека американскиот амабасадор се меша во работата на Државната изборна комисија. Ова не е време за лажни вести или заговори. Дозволете ни да ја исправиме забелешката со јасна изјава дека американскиот амабасадор ниту се сретнал ниту посетил ниту интевернирал кај некого во ДИК“- велат од Амбасадата на САД во земјава.

САД ги поддржува правата на граѓаните на Македонија во демократска постапка која е отворена, јавна и одговорна. Ова го вклучува и разгледувањето на поплаките и жалбите согласно со македонските закони- стои во соопштението на Американската амбасада.