Протести во Бразил, Сенатот ги усвои мерките за штедење
14.12.2016 11:33
Мерките за штедење предизвикаа жестоки протести, а полицијата беше распоредена во главниот град Бразилија, со цел да ги заштити државните згради од демонстрантите во текот на гласањето во Сенатот.

Бразилскиот Сенат со 53 гласови „за“ и 16 „против“го изгласа 20-годишното замрзнување на јавната потрошувачка, што е основа на планот за обновување на фискалната дисциплина и воведување контрола врз растечкиот буџетски дефицит.
Мерките за штедење предизвикаа жестоки протести, а полицијата беше распоредена во главниот град Бразилија, со цел да ги заштити државните згради од демонстрантите во текот на гласањето во Сенатот.
Според анкетите, 60 насто од бразилците се против ограничувањето на потрошувачката, додека 24 насто ја поддржуваат таа мерка.
