Вујановиќ очекува Црна Гора да добие покана за членство во НАТО!

04.02.2014 15:53

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ очекува на самитот на НАТО во септември во Велика Британија Црна Гора да добие покана за членство...

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ очекува на самитот на НАТО во септември во Велика Британија Црна Гора да добие покана за членство. Вујановиќ во разговор со британскиот министер за Европа, Дејвид Лидингтон ја потенцирал решеноста на Црна Гора да ги интензивира активностите на планот на евроатлантски интеграци пренесуваат црногорските медиуми.
 
Тековната година е важна за Црна Гора, бидејќи во процесот на европски интеграции мора интензивно да се посвети на отворените поглавија, за да добие шанса за нови поглавија, изјавил Вујановиќ.