За 15,7% повеќе патници на македонските аеродроми

14.12.2016 12:38

Во периодот јануари-ноември 2016 година превезени се рекорден број на патници што поминале на двата аеродроми во Република Македонија, соопштуваат од Министерството за транспорт.

Бројот на патници низ македонските аеродроми е зголемен за 15,7 проценти во периодот јануари- ноември, покажува статистиката на Министерството за транспорт.

Низ аеродромите „Александар Велики“ и „Свети Апостол Павле“ во периодот од јануари до ноември годинава се превезени 1.611.010 патници. На скопскиот аеродром е регистриран раст од 13,9 проценти, додека на охридскиот забележува раст од 40,8%.

Најфрекфентни дестинации се Истанбул со учество од 12,7 насто во вкупниот број на превезени патници, па следуваат Цирих, Виена, Базел, Малме и Лондон.