БЕСА: Формирање широка коалициона влада- најдобро преодно решение

14.12.2016 12:56

Касами денеска се сретна со норвешкиот амбасадор, при што му ги пренел ставовите на движењето дека најдобро преодно решение во ситуацијата по изборите е формирање на широка коалициона влада.

Лидерот на БЕСА, Биљал Касами се сретна со норвешкиот амбасадор, при што му ги пренел ставовите на движењето дека најдобро преодно решение во ситуацијата по изборите е формирање на широка коалициона влада.

„Подобра варијанта за Македонија би била една широка коалиција, која би составила влада која би била реформаторска, влада која би ја вратила Македонија во евроинтеграциските процеси и која би ги решила некои проблеми, за да после еден временски период би се организирале нови избори, нормални избори во нормални услови од кои би произлегла нова парламентарна гарнитура“, изјави Касами за МРТ.