Ердоган: Убиени над 1.800 џихадисти и курдски борци
Турција пред четири месеци ја почна операцијата „Еуфратски штит“ во северна Сирија, која има за цел да го исчисти регионот на границата од борци на ИД и на групата на сириските курди, сили за заштита на народот.

Турскиот претседател Ердоган изјави дека околу 1.800 припадници на групата Исламска држава (ИД) и борци на силите на сириските курди се убиени во рамки на турската воена операција во Сирија, „Еуфратски штит“, која почна во август.
Турција пред четири месеци ја почна операцијата „Еуфратски штит“ во северна Сирија, која има за цел да го исчисти регионот на границата од борци на ИД и на групата на сириските курди, сили за заштита на народот.
Турскиот претседател додаде и дека се извршени подготовки за да се овозможи евакуираните луѓе од Алепо да пристигнат во Идлиб и во Турција.
