Македонија и Мексико ја развиваат политичката и економската соработка
Амбасадорите на двете држави во Белград ги потпишаа- Меморандумот за разбирање меѓу министерствата за надворешни работи за воспоставување на политички консултации за прашања од заеднички интерес, Меморандумот за промоција на извозот меѓу Агенциите за странски инвестиции на Макединија и на Мексико и Договорот за соработка меѓу Стопанските комори на двете држави.

Потпишани три билатерални договори помеѓу Република Македонија и Мексико, значајни за унапредување на политичката и економската соработка меѓу двете држави. Амбасадорите на двете држави во Белград ги потпишаа- Меморандумот за разбирање меѓу министерствата за надворешни работи за воспоставување на политички консултации за прашања од заеднички интерес, Меморандумот за промоција на извозот меѓу Агенциите за странски инвестиции на Макединија и на Мексико и Договорот за соработка меѓу Стопанските комори на двете држави.
Договорите овозможуваат конкретно поврзување на бизнис асоцијациите меѓу двете држави и можности за инвестиции.
Годинава се одбележуваат 15 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Мексико.
Оливер Бранковиќ, постојан допсиник од Белград за МРТ
