Формула 1

Носовите се легални, ама грди

04.02.2014 15:56

Германскиот магазин Спорт Билд според извори блиски до ФИА, пренесува дека предните делови на болидите(носевите), на сите тимови се легални и според новите правила. Допрецизирање на прописите ќе има во пресрет на сезоната 2015-та, а дотогаш уште многу ќе се зборува за изгледот на носевите на болидите за кои се смета дека се најгрди досега, а меѓу нив предничи болидот на Катерхам.

Сепак со ваквите озборувања не се согласува нивниот возач Камуи Кобајаши кој има поинакво мислење:„ Можеби не изгледа убаво, но чувството во болидот е добро, уште повеќе што кога сум внатре не можам да го гледам носот“.