НБРМ ја намали рефернтната каматна стапка на 3,75%

14.12.2016 15:08

Причина за овие чекори на Централната банка се значително повисоката структура на банкарскиот сектор и видливото стабилизирање на очекувањата на економските субјекти.

Народна банка ја симна референтната каматна стапка за 0,25 процентни поени и таа сега изнесува 3,75 насто. Истовремено вчера била донесена и одлука за зголемување на понудата на благајнички записи за денешната аукција за милијарда денари, односно за над 16 милиони евра.

Причина за овие чекори на Централната банка се значително повисоката структура на банкарскиот сектор и видливото стабилизирање на очекувањата на економските субјекти.

Практично, Народна банка шести месец по ред интервенира со откуп на девизниот пазар, а од јуни постојано расте и штедењето.