„Доктор Фауст“- последна премиера за годинава на Битолскиот Народен Театар

14.12.2016 15:17

„Доктор Фауст“ е последна, 9-та премиера за годинава на сцената на Битолскиот Народен Театар. Ова е второ гостување, по пауза од 4 години, на еден од најпознатите балкански режисери Андраш Урбан.

Со утрешната премиера „Доктор Фауст“, во режија на Андраш Урбан, битолскиот театар ја финишира исклучително успешната година. Во деветата по ред премиера само десетина проценти се користи од оригиналниот текст на Кристофер Марло, а останатиот дел од текстот се должи на соработката помеѓу режисерот и актерите. Претставата се бави со човекот, со животот на сите оние кои живееме на овие простори, односто моролат во христијанската етика и искушението помеѓу начиниот на решенијата, помеѓу судирот на доброто и злото.

„Тоа е време на ренесансата кога се раѓа моментот на едно друго размислување за религијата, животот и знаењето. Марло зборува за фаустовскиот проблем кој во тоа време не е само памфлет за човекот кој себеси се продова на ѓаволот“ вели режисерот на претставата, Андраш Урбан.

Ова не е прва претстава на еден од најпознатите балкански режисери. Пред четири години на битолската сцена ја постави сѐ уште актуелната „Хамлет Машина“. Начинот на работа и сценските решенија, причина што дел од 12- члената актерска екипа во двеве претстави гледаат една симболична поврзаност.

„Ако во ’Хамлет машина’ имав реплика- Нашиот театар, нашиот живот, оваа претстава е со обратна порака- Нашиот живот, нашиот театар“, вели актерката Соња Михајлова.

„Се надевам дека публиката ќе ужива во овој не граѓански концепт на театар и ќе ужива можеби на моменти некој од нив препознавајќи се себе“, вели актерот Иван Јерчиќ.

Раководството на битолскиот ансамбл е задоволен од стореното за оваа календарска година. Освен деветте премиери одиграни се уште над 200 претстави, се настапуваше на сите фестивали во земјава, тука се и четирите меѓународни гостувања на сцените на престижните светски театарски куќи.

 

Стевче Митревски