Европски искуства во управување со отпадот

14.12.2016 15:20

Во последниот извештај за напредокот на Македонија беше нотирано дека спроведувањето на рамковната директива за отпад е сѐ уште во најраните стадиуми и дека се потребни економски стимулации за да се подобри состојбата со управување и собирањето на отпадот, изјави заменик амбасадорот на делегацијата на ЕУ во земјава, Мауро Дивероли, на почетокот на твининг проектот за јакнење на административните капацитети за спроведување на рамковната директива, финансиран од ЕУ.

Зголеменото креирање отпад, го зголемува и загадувањето на животната средина Управувањето со отпадoт и неговото спроведување бара големи финансиски средства. Административните капацитети во земјава не се доволни за тоа да биде ефикасано, велат европските претставници. Според Едвардс, не треба да се игнорира проблемот со отпадот. Македонија ќе добие 31 милион евра пари од ИПА за јакнење на административните капацитети и усогласувањето на Законот за управување со отпад.

Според надлежните, ова ќе придонесе и за решавање на проблемите со еколошки несоодветното одлагање на отпад во општините и останатите депонии кои треба технички да се направат со стандардите утврдени со Закон.

Проектот ќе го имплементираат експерти од Обединетото Кралство и од Шпанија, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Примената на Европската легислатива за животната средина е една од наjсложените.

Само за пример, Шведска има има стратегија од 1991 на високи даноци, на санкции за непочитување и систем на рециклирање на отпадот. Цела една генерација е едуцирана. Грижата за животната средина обезбедила и нови вработувања, но и здрава еколошка средина.

Дијана Ценевска