Фудбал

Црвено-црниот дрес да биде гордост

04.02.2014 15:58

„Да го вратиме сјајот на фудбалскиот клуб Вардар, да ја вратиме публиката и да направиме црвено-црниот дрес да стане гордост и сон на секое дете“, изјави на денешната средба...

„Да го вратиме сјајот на фудбалскиот клуб Вардар, да ја вратиме публиката и да направиме црвено-црниот дрес да стане гордост и сон на секое дете“, изјави на денешната средба со новинарите новиот извршен директор на ФК Вардар, Самоил Симев.

Новото раководство ги презентира амбициозните планови за воздигнување   на македонскиот бренд, свесни  дека водењето на Вардар е голема одговорност, но и предизвик. Приоритетот не се засилувања по секоја цена, туку создавање база од младинските школи за чие функцинирање беше најавена  изградба на тренинг центар со 5 фудбалски терени од кои два со вештачка трева и сместувачки капацитети што ќе ги користи и првиот тим.

Свесен за предизвикот да се води најпопуларниот македонски состав е и новиот стратег кој најавува агресивен фудбал, но и допадлив убав за око со кој ќе се врати публиката на арената Филип Втори:

„Знаев дека Вардар е најпознатиот македонски клуб, ако не грешам пред 7 години ја елиминира ЦСКА во лигата на шампионите.Сега засега одржавме 3 тренинга, задоволен сум од залагањето на фудбалерите, има многу работа и доправа ќе ги запознавам играчите“-изјави Сергеј Андреев, рускиот стратег кој со Вардар потпишал 4 годишен договор.

Примарната цел во Вардар до крајот на сезоната е освојување на шампионската титула. Во преодниот рок беа ангажирани 4 фудбалери: Илчо Наумоски, Филип Ивановски, Александар Трниниќ и Андреј Ловрениќ   со кои се пополнети дефицитарните места во тимот.

Досегашниот извршен директор Горан Митев истакна дека за ФК Вардар се случило најдоброто што може да се случи, клубот го превзел сериозен инвеститор  што ќе го надгради досегашниот ангажман на старото раководство, кое покажало како со совесна и чесна работа  може да се  води клуб на највисоко ниво.