ДИК: Седницата за расправање и одлучување по приговорите ќе се одржи утре

14.12.2016 17:13

Седницата за расправање и одлучување по приговорите од подносителите на листи на кандидати за пратеници ќе се одржи во текот на утрешниот ден...

Државната изборна комисија соопшти дека седницата за расправање и одлучување по приговорите од подносителите на листи на кандидати за пратеници ќе се одржи во текот на утрешниот ден, 15 декември.

За точното време на одржување на седницата ДИК навремено ќе ги извести овластените претставници, акредитираните набљудувачи и медиумите, стои во соопштението.