ДИК денеска ќе одлучува по приговорите
15.12.2016 10:07
Во законскиот рок, до ДИК пристигнале вкупно 16 приговори, од кои 8 се на коалицијата предводена од СДСМ, а другите 8 се на движењето БЕСА.

Од 11 часот, на јавна седница, Државната изборна комисија ќе ги разгледува и ќе одлучува по приговорите поднесени од подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието, а кои се однесуваат на постапката за гласање, и на постапката за сумирање и утврдување на резултатите.
Во законскиот рок, до ДИК пристигнале вкупно 16 приговори, од кои 8 се на коалицијата предводена од СДСМ, а другите 8 се на движењето БЕСА. Дел од приговорите се однесуваат на избирачките места, а дел од приговорите на СДСМ се однесуваат на изборните резултати.
