Лозарство

Почна исплатата на винското грозје

15.12.2016 10:09

Дел од винарските визби почнаа да го плаќаат купеното винското грозје од годинешнава реколта. До денеска, 15 декември, според законот на лозарите треба да им биде исплатена првата рата од 20 проценти за преадените количества.

До денеска винските визби треба да им ја платат на лозарите првата рата од 20 проценти за купеното грозје. Според законот исплатата е во рок од 6 месеци од превземањето на откупениот род и ќе биде на 3 рати.

Првата од 20 проценти треба да се плати до 15 декември, втората од 40 проценти најдоцна до 15 февруари наредната година и последниот износ до крајот на април.

Според информациите од ресорното министерство, првите пари се веќе легнати на сметките на лозарите, односно се исплатени скоро 25 проценти од вкупното откупено грозје.

Во Македонија годинава беа собрани 180 милиони килограми винско грозје.

Дел се пласира во странство, а дел во домашните преработувачки капацитети.

 

Методија Трајков