Жбогар: Пржинскиот договор донесе успешни избори
Евроамбасадорот Жбогар очекува од новиот парламент и од новата влада, спроведувањето на потребните реформи за земјата да продолжи кон евроатлантскиот пат.

Пржинскиот договор ја донесе земјава до успешни избори минатата недела, изјави вчера евроамбасадорот Самуел Жбогар на доделувањето на нагарадата „Жан Моне“. Тој очекува од новиот парламент и од новата влада, спроведувањето на потребните реформи за земјата да продолжи кон евроатлантскиот пат.
„Пржинскиот договор ја донесе земјата до успешни избори минатата недела. На овие избори луѓето имаа можност да си ја изразат волјата, и тоа го сторија во огромен број. Очекуваме дека новиот парламент и новата влада ќе се ангажираат веднаш во спроведување на потребните реформи, со цел да ја доведат земјата назад на евроатланскиот пат“, истакна евроамбасадорот Жбогар.
