Штајнмаер: Колку што е можно побрзо да се формира влада
Сега е важно, колку што е можно побрзо да се формира влада и да се вратат стабилните прилики во Македонија, изјави вчера шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, по средбата со шефот на хрватската дипломатија.

Текот на изборите беше во ред, како што слушнавме ние. Сега е важно, колку што е можно побрзо да се формира влада и да се вратат стабилните прилики во Македонија, изјави вчера шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, по средбата со шефот на хрватската дипломатија.
Штиер и Штајнмаер разговарале и за Србија, и за потребата, и оваа земја и сите други во регионот да ги продолжат европските интеграции, а земјите коишто ги исполнуваат своите обврски да видат дека напорите се исплатуваат.
Според Штајнмаер, потребно е да се задржи моментумот на проширувањето на Западниот Балкан.
