Од денеска во оптек банкноти од 200 и 2.000 денари
15.12.2016 10:44
Одлуката произлегува од реално согледаната потреба за ребалансирање на постојната апоенска структура што е во опток, соопшти Народна банка.

Од денеска во платниот промет влегуваат книжни пари во нови апоени од 200 и 2.000 денари, а се повлекуваат банкнотите од 5.000 денари. Одлуката произлегува од реално согледаната потреба за ребалансирање на постојната апоенска структура што е во опток, соопшти Народна банка.
Таа е во оптек од 8 септември ’96-тата година, и досега нема претрпено промени. Воведувањето на овие два нови апоена претставува прва промена, по период од 20 години.
Комерцијалните банки ќе ги заменуваат книжните пари од 5.000 денари до 28-ми февруари 2017-та година, а од 1-ви март нивната замена ќе ја врши Народна банка.
