Над милијарда кориснички сметки на „Јаху“ биле хакирани во изминативе години

15.12.2016 10:45

Личните информации на корисниците биле украдени од група спонзорирана од странска држава.

Над една милијарда кориснички сметки на компанијата „Јаху“ биле хакирани во 2013 година, а околу 500 милиони во 2014 година.

Личните информации на корисниците биле украдени од група спонзорирана од странска држава.

Банкарските податоци не биле цел на кибернетичкиот напад. Како превентивна мерка, челниците на „Јаху“ ги советуваа своите корисници да ги сменат лозинките.