Недела на современ израелски филм

15.12.2016 11:00

Отворањето ќе биде вечер во кино „Милениум“ со прикажување на играниот филм „Свадбена кукла“ на режисерот Ницан Гилади. Од утре проекциите ќе бидат во Кинотеката на Македонија.

Од денеска до понеделник, по трет пат ќе се одржи Недела на современиот израелски филм, во чии рамки ќе бидат прикажани три играни филма, два документарни и две епизоди од телевизиска играна серија.

Отворањето ќе биде вечер во кино „Милениум“ со прикажување на играниот филм „Свадбена кукла“ на режисерот Ницан Гилади. Од утре проекциите ќе бидат во Кинотеката на Македонија.

Неделата на современиот израелски филм ја организираат амбасадорот Оријан, Еврејската заедница во Република Македонија и Кинотеката на Македонија, во соработка со Град Скопје, Младинскиот културен центар и со АТГ.