Ѓорѓиев интересен за одбојкарскиот гигант Копра
Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев е мета на еден од најголемите европски клубови Копра Елиор од Пјаченца. Италијанците сакаат да го засилат тимот со млади играчи и во нивните планови се вклопува 21. Годишниот актуелен капитен на бугарскиот состав Марек Дупница.

Ѓорѓиев го привлече вниманието на италијанските скаути со игрите во ЛШ и во бугарското првенство. Нови поени кај тренерот на Копра, Лука Монти, Ѓорѓиев доби по несекојдневниот рекорд во одбојкарскиот шампионат на Бугарија. Нашиот репрезентативец на првенствениот натпревар со Монтана оствари 13 поени, што е раритетно постигнување во одбојкарскиот свет за играч кој настапува на позиција техничар.
И Бугарската одбојкарска федерација направи обид да го добие капитенот на Марек во нивната репрезентација, но Ѓорѓиев реши да настапува во македонскиот национален дрес.