Кина распореди оружје на островите во Јужното Кинеско Море
15.12.2016 11:16
Официјален Пекинг претходно гарантираше дека присуството во регионот нема да значи милитаризација на тој дел од Азија.

„Азиската поморска транспарентна иницијатива“ (АМТИ) тврди дека Кина распоредила оружје на спорните острови во Јужното Кинеско Море.
Официјален Пекинг претходно гарантираше дека присуството во регионот нема да значи милитаризација на тој дел од Азија.
На сателитски снимки се забележани противвоздушни топови, антиракетни одбранбени системи, воени капацитети за детектирање и за пресретнување ракети и авиони.
