Нема повредени во снежната бура во Орегон
15.12.2016 11:49
Автопатот 20 беше затворен поради лавина, а мост во Портланд беше целосно затрупан. Во невремето нема повредени луѓе.

Снежната бура го блокираше сообраќајот во американската држава Орегон. Автопатот 20 беше затворен поради лавина, а мост во Портланд беше целосно затрупан. Во невремето нема повредени луѓе.
„Не мислев дека ќе биде толку лошо се додека не почнав да се движам по патот. Стануваше се полошо и полошо“, вели еден жител.
Метеоролозите најавија студ и снег до крајот на месецов.
