Еден загинат во напад на конвој во Алепо

15.12.2016 12:46

Конвојот од окупираните области се движел кон местото Рамуса, но запрел во момент кога почнал да се приближува до контролната точка на силите на режимот. Медиумите пишуваат дека луѓето се простуваат од својот град знаејќи дека нема да се вратат. Се очекува процесот на евакуацијата да трае најмалку три дена.

Најмалку еден цивил загинал, а четворица биле ранети кога снајперист од иранската шиитска милиција отворил оган врз конвој со цивили кои чекале на евакуација од Алепо. Конвојот од окупираните области се движел кон местото Рамуса, но запрел во момент кога почнал да се приближува до контролната точка на силите на режимот. Медиумите пишуваат дека луѓето се простуваат од својот град знаејќи дека нема да се вратат. Се очекува процесот на евакуацијата да трае најмалку три дена.

Медиумската агенција која ја води вооружената либанска група „Хезболах“, инаку близок соработник на претседателот Асад, изутрината јави дека е постигнат договор за прекин на огнот и дека на опозициските борци ќе им биде дозволено да излезат од источно Алепо.

„Ме испратија во првите борбени редови да се борам против сириска армија, да пукам врз населени области. Кога некој ќе се побунеше, му се закануваа дека ќе го убијат. Ги држеа нашите роднини како заложници“, изјави еден амнестиран бунтовник.

Во меѓувреме рускиот центар за помирување на завојуваните страни соопшти дека руски војници по наредба на претседателот Владимир Путин ќе ги префрлат останатите бунтовници и нивните семејства од градот Алепо во Идлиб.

„Нашите команданти ни рекоа дека треба да одиме во рајот по секоја цена. Не испраќаа во тренинг кампови и многу не плаќаа. Камповите беа лоцирани во Турција, Катар, Саудиска Арабија, Јордан. Нашите тренери беа американски воени советници“, изјави амнестиран бунтовник.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи соопшти дека прва цел е болните и повредените да се пренесат во болница во Сирија и во Турција. Портпаролот истакна и дека е потребно евакуираните итно да бидат сместени во кампови, додавајќи дека продолжува изградата на бегалски кампови во Сирија. Тој потврди и дека Турција е поготвена да прифати повредени лица од Алепо, и дека сака бегалците да бидат прифатени на безбедни места на сириска територија.

Марина Автовска