Левица задоволна од постигнатото, повика никој да не коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

15.12.2016 12:51

Од партијата велат дека никој не треба да врши притисок за одлуките на ДИК, но повикаа и никој да не коалицира со ВМРО-ДПМНЕ за новиот владин состав.

Левица иако не освои пратенички мандат задоволна е од постигнатото. Од партијата велат дека никој не треба да врши притисок за одлуките на ДИК, но повикаа и никој да не коалицира со ВМРО-ДПМНЕ за новиот владин состав.

„Ние сме релативно задоволни од изборните резултати, добивме поголема поддршка во Изборните единици 3 и 4 од она што очекувавме, а помала поддршка во изборните единици 1 и 5 во однос на она што очекувавме. Сепак не добивме пратеник, но борбата во корист на обесправените работници и сиромашните продолжува“, изјави на денешната прес конференција Здравско Савески.