„Тартиф“ од Молиер премиерно во МНТ на 20-ти декември
Љубителите на театарот ќе имаат можност да ја видат претставата „Тартиф“ од Молиер во режија на познатиот режисер од Бугарија, Галин Стоев, кој има изработено поголем број претстави во матичниот театар на Молиер...

Нова премиера на Македонскиот народен театар. Љубителите на театарот ќе имаат можност да ја видат претставата „Тартиф“ од Молиер во режија на познатиот режисер од Бугарија, Галин Стоев, кој има изработено поголем број претстави во матичниот театар на Молиер, францускиот театар за комедија „Комеди Франсез“ во Париз, а бил гостин на најголемите француски фестивали.
Галин Стоев ѝ познат на македонската публика со претставата „Антигона во техноленд“, која пред 15-тина години ја постави на сцената на МНТ, а претставата имаше изведби на повеќе европски театарски фестивали.
Премиерната изведба ќе се одржи на 20-ти декември.
