ДИК расправа за поднесените приговори, одбиен првиот приговор на БЕСА

15.12.2016 13:14

Со седум гласа „за“ и два „против“ ДИК го одби првиот приговор на движењето БЕСА за гласањето на избирачко место во Арачиново, бидејќи утврди дека немало поднесено доказ, а во записникот од избирачкиот одбор нема поднесено забелешка.

Пред час и половина почна јавната седница на Државната изборна комисија, на која се решава за приговорите поднесени од подносителите БЕСА и СДСМ. Во тек е расправата за приговорите на БЕСА. ДИК ги разгледува приговорите по редослед- онака како што пристигнале.

Со седум гласа „за“ и два „против“ ДИК го одби првиот приговор на движењето БЕСА за гласањето на избирачко место во Арачиново, бидејќи утврди дека немало поднесено доказ, а во записникот од избирачкиот одбор нема поднесено забелешка.

Претставникот на БЕСА образложи дека на избирачко место во Арачиново за кое е поднесен приговор биле носени гласачи на изборното место, им се помагало на лица да гласаат иако немале поднесено барање дека не можат да гласаат.